Капело: Винисус и Мбапе не функционираат заедно во Реал Мадрид!

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Фабио Капело не е импресиониран од првата сезона на Килијан Мбапе во шпанскиот гигант.

Мбапе пристигна кај „кралевите“ во текот на летото, меѓутоа Капело смета дека Французинот не функционира добро со Винисиус Жуниор на теренот.

„Мбапе и Винисиус играат на иста позиција, тие не функционираат заедно во Реал Мадрид“, смета Капело.

Статистиката покажува дека Бразилецот оваа сезона настапи на 36 меча, при што постигна 17 голови и 10 асистенции во сите натпреварувања, додека Мбапе настапи на 40 дуели и постигна 27 погодоци и четири асистенции.