
Ништо од Кирјос: Ѓоковиќ го доби првиот ривал во Индијан Велс
Австралискиот тенисер не можеше ни да го заврши мечот и предаде во вториот сет, при водство на противникот од 7-6 и 3-0. Во вториот гем од мечот пропушти три врзани брејк топки на 0-40, а потоа загуби два свои сервиса и му дозволи на противникот да поведе со 4-1. На општо изненадување, успеа да се врати и се избори за тај-брејк кој го загуби со 7-9, но во вториот сет, при водство од 3-0 на Ван де Зандшулп, одлучи да предаде поради болки во нозете.
По оваа победа, Холанѓанецот се избори за пласман во второто коло од Индијан Велс каде ќе се сретне со шесткратниот освојувач на овој турнир Новак Ѓоковиќ.