
Кукуреља херој на Челси, Тотнем се спаси од пораз (ВИДЕО)
Имаше голема прилика Челси да поведе по 20-тина минути игра кога Кол Палмер можеше да погоди од пенал, но фудбалерот на „сините“ не го реализираше, па на пауза се замина без погодоци.
Човек на одлука беше дефанзивецот Кукуреља кој успеа да погоди на истекот на еден час игра и тој гол се покажа како доволен за триумф.
Во вториот натпревар во истиот термин Тотнем успеа да се извлече и остана непоразен против Бормут одигрувајќи 2-2.
Бормут поведе со 0-2 со головите на Таверниер и Еванислон, а исто така и еден гол на Клајверт беше поништен поради офсајд. Тотнем успеа да се врати преку Сар и Сон кој ги постави конечните 2-2 со гол од пенал во 84. минута.