
Лазаров: Против Словенија одиграме во ист стил како на СП!
Македонија ќе биде домаќин на првиот натпревар кој ќе се одигра на 12 март од 20:00 часот, додека четири дена подоцна ќе гостува во Копер, тој натпревар е во терминот од 18:30 часот.
Селекторот Кире Лазаров денеска ги собра репрезентативците и го најави натпреварот.
„По Светското првенство за првпат ќе играме пред домашната публика и тоа против квалитетен противник кој играше полуфинале на ЛОИ и заврши на петтото место на последното Европско првенство. Словенија е сериозна селекција и знае што сака, ќе се обидеме да го искористиме краткиот период за подготовка за да се прикажеме во најдобро светло. Станува збор за репрезентација која е во топ осум во светот. Се надевам во среда ќе имаме добар ден, ќе се бориме до последен момент и веруваме во добар резултат. Лесно нема да биде, но се надевам дека достојно ќе се спротиставиме. Не се оптоваруваме со противникот, треба да играме во ист стил како на Светското првенство“, изјави Лазаров.