Срамна организација: Полицијата не ги пушта навивачите на Вардар да излезат од трибината!

Навивачите на Вардар во голема бројка присуствуваат на гостувањето на црвено-црните во Кратово против Силекс, но на трибината за гостински навивачи се соочија со неочекувани проблеми.

На трибината каде што се сместени вардаровите нема ниту вода, ниту тоалет, ниту било што друго што е нормално во една добра организација, а освен тоа на навивачите не им е дозволено да ја напуштат трибината.

Сето тоа придонесе за нервозни сцени и само поради присебноста на гостинските навивачи не се случи поголем хаос.

Никаде во светот не се случува ваков терор врз навивачи, ограничена е слободата на движење, а важна е информацијата дека сите во Кратово се дојдени неорганизирано, во приватна режија со автомобили, а на трибината има и дузина дечиња под десет години кои се со своите родители.