
„Луд“ пресврт на Гетафе во четири минути: Арамбари го шокираше Атлетико! (ВИДЕО)
Првите 45 минути не донесоа премногу возбудувања и на пауза се замина со по еден гол на двете страни. Се што беше интересно тука видовме во самиот финиш.
Сорлот ги доведе избраниците на Симеоне во водство на 15-тина минути пред крајот и изгледаше дека тој гол ќе биде доволен за победа. Но, Анхел Кореа во 88. минута заработи директен црвен картон и тука започнаа проблемите за гостите.
Не помина ниту една минута од црвениот картон на Кореа Арамбари израмни на 1-1. Гетафе не застана тука и со погодокот на истиот фудбалер во втората минута од судиското продолжение дојде до трите бода.
По овој пораз на Атлетико, Реал Мадрид кој има 54 бода, два помалку од својот градски ривал доби прилика да ги прескокне на табелата и да се израмни со Барселона на врвот со по 57 со тоа што каталонците би биле со натпревар помалку. Реал Мадрид попладнево го игра својот натпревар против Рајо Ваљекано.