
Кузмановски: Верувам дека можеме и сакам да ја победиме Словенија дома!
Кузмановски зад себе има одлично Светско првенство на кое беше вистински лидер на теренот, па и во овој двомеч од него многу се очекува.
„Добро знаеме со какви играчи располага Словенија, ние играме на домашен терен и дополнителна мотивација ќе биде полната сала. Покажавме дека Македонија и народот верува во оваа млада и борбена екипа. Се чувствувам како уште да сме на првенството кое на сите нас ни донесе голема самодоверба. Очекувам и сега да ја прикажеме истата борба, верувам и сакам победа дома против Словенија. На Светското првенство пораснавме како ракометари и ние гледаме во иднината која мислам дека е светла. Пред нас се три дена во кои треба добро да го анализираме противникот и да се подготвиме“, изјави Кузмановски.
Првиот натпревар против Словенија го играме в среда од 20:00 часот, додека вториот дуел е во Копер на 16 март со почеток од 18:30 часот.