
Легендата на Ливерпул удри по своите: Ова е најголем грабеж во историјата на фудбалот!
Тој смета дека овој меч долго ќе се памети, особено ако „црвените“ дојдат до најпрестижниот трофеј.
„Ова е една од најголемите кражби што некогаш ќе ја видите во фудбалот. Не можам да верувам во тоа што го видов, ПСЖ беше неверојатен и целосно го надигра Ливерпул“, изјави Карагер.
Тој го истакна и голманот на „црвените“ Алисон Бекер како клучен фактор за победата.
„Ова беше веројатно неговата најдобра партија во кариерата, а дефинитивно најдобрата откако пристигна во Ливерпул. Ако Ливерпул ја освои Лигата на шампионите – за што има големи шанси – овој натпревар ќе се памети со години. Постигнувањето голови е важно, но во овој случај целосната заслуга оди кај Алисон. Според мене, ПСЖ требаше да даде најмалку три гола“, додаде Карагер.
Бразилскиот голман израмни рекорд во Лигата на шампионите со девет одбрани на еден натпревар, што го става во исто друштво со Андреј Лунин и Тибо Куртоа. Карагер, кој ја помина целата своја кариера во Ливерпул, одигра 737 натпревари за клубот и останува една од најголемите легенди на „Енфилд“.