Дочека: Нејмар по повеќе од една година повторно ќе заигра за Бразил

По пауза од повеќе од една година Нејмар повторноо ќе биде дел од репрезентацијата на Бразил откако доби повик за дуелите со Колумбија и Аргентина во квалификациите за Светското првенство.

Нејмар заработи повреда во натпреварот против Уругвај кој се играше во октомври 2023 година, а неодамна по разочарувачкиот период во Ал Хилал се врати во клубот од неговото детство Сантос.

Во Сантос Нејмар игра одлично и во седум настапи зад свеото име веќе има три гола и две асистенции и тоа резултираше со повик од селекторот Доривал Жуниор кој ги предводи „Кариоките“.

Нејмар за Бразил одигра 128 натпревари и постигна 79 головим а беше дел од селекцијата која освои златен медал на Олимписките игри во Рио, како и репрезентацијата која заврши второпласирана зад Аргентина на Копа Америка во 2021 година.

На табелата во квалификациите Бразил е петти со 18 бодови од 12 натпревари и на 21 март ќе игра против Колмбија, додека пет дена подоцна ќе ја пречка Аргентина.