Пакета во голем проблем: Му се заканува доживотна суспензија!?

Бразилскиот репрезентативец Лукас Пакета се наоѓа во тешка ситуација  во која е обвинет дека се обложувал на натпревари на неговиот Вест Хем.

Според информациите Пакета намерно добивал жолти картони, а Фудбалскиот сојуз на Англија за него ќе бара доживотрна суспензија.

 Како што се наведува во обвинението Пакета е осомничен дека намерно добил жолти картони во дуелите со Лестер во ноември 2022, против Астон Вила во март 2023, против Лидс во мај истата година и против Бормут во август минатата гофдина.

Пакета кој минатото лето беше блиску до преселба во Манчестер сити и трансферот пропадна во последен момент ги негираше сите обвинувања.