
Томпсон е фрустриран од Далас - побарал трејд!
Наводно, Томпсон како и сите други се чудел на одлуката на Далас да го трејда Лука Дончиќ. Таквата размена ја сруши атмосферата во соблекувалната, а на тоа се надоврзаа и повреди на главните ѕвезди.
Заврши сезоната за Кајри Ирвинг кој скина лигаменти, а повредена е и новата ѕвезда, Ентони Дејвис.
Далас реди порази, а незадоволството кај кошаркарите и навивачите расте.
Информациите од САД велат дека Клеј Томпсон е фрустиран од работата на челниците на Далас и побарал трејд кој може да се случи дури по крајот на сезоната.