Молдавија немоќна во Скопје, фудбалерките до 17 години славеа убедливо

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години славеше убедлива победа над Молдавија во рамките од првото коло на квалификацискиот турнир за ЕП на кој Македонија е домаќин и натпреварите се играат во Скопје.

Избраничките на Катарина Милеска одиграа одличен натпревар и целосно го надиграа противникот славејќи убедлива победа. Најрасположена беше Настасја Накова која постигна хет-трик.

Преостанатите два гола беа дело на Калина Попески и Ева Величкова.

Квалификациски турнир во Скопје, жени до 17 години

Македонија – Молдавија   5:0 (1:0)

МАКЕДОНИЈА: Евгенија Велјановска, Мила Панева (Тамара Лазеска 82′), Блехана Алиеска, Меланија Грозданова, Ева Величкова (Ноелле Митревски 70′), Настасја Накова, Теона Галабовска (Розита Пецева 82′), Калина Попески (Елена Наумовска 70′), Канита Емини, Ана Марија Цветкоска (Јована Каралиоска 46′), Андреа Коловска;

Следниот натпревар Македонија го игра со Словенија на 12 март исто така во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“.