Ставре Јада обезбеди учество на Зимските олимписките игри во Милано!

Македонскиот репрезентативец во нордиско скијање, Ставре Јада со настапот на СП во Трондхајм, Норвешка успеа да обезбеди квота за настап на Зимските олимписки игри кои наредната година ќе се одржат во Милано.

На 27 февруари, на квалификациската трка, го зазеде 126-то место од 182 натпреварувачи, додека на 10 км класичен стил се пласираше на 107-то место. Вчера, во тимскиот спринт на 1.3 км, забележа одличен настап и се најде на 41-то место.

„Како наш претставник на FIS Светското првенство во нордиско скијање, кое се одржува од 26 февруари до 9 март во Трондхејм, Норвешка, Ставре Јада успеа да обезбеди квота за Зимските Олимписки Игри 2026 во Милано – натпреварот од соништата на секој спортист“, велат од Скијачката федерација на Македонија.

Тој е нашиот прв скијач кој обезбеди пласман на ЗОИ во Милано.