
Алисон: Ова веројатно беше најдобриот натпревар во мојот живот!
ПСЖ имаше и посед и многу шанси, но Ливерпул на голот го имаше извонредниот Алисон кој одбрани се што шутнаа домаќините.
Алисон беше прогласен за играч на натпреварот.
„Ова веројатно беше мојот најдобар перформанс во животот“, рече Алисон Бекер по натпреварот.
Ливерпул минатото лето го купи Мамардашвили, планирано е заминување на Алисон по крајот на сезоната, но нема да биде чудно ако тоа се промени по неговата последна изведба.