Манасков првпат ќе игра во ЛШ, ПСЖ нема да калкулира - ќе настапи со сите ѕвезди!

Поранешниот македонски репрезентативец, Дејан Манасков, се враќа во составот на Пелистер и ќе дебитира сезонава во Лигата на шампионите на вечерашниот натпревар против ПСЖ.

Македонскиот првак го игра последниот дуел во елитното натпреварување, а салата „Боро Чурлевски“ во Битола е распродадена до последно место, подготвена за жешка атмосфера. Тренерите на двата тима, Раул Алонсо и Раул Гонзалез, ги објавија составите со кои ќе атакуваат на победа. Пелистер ќе се бори за престиж, додека ПСЖ има шанса да го осигура второто место во групата. Враќањето на Манасков доаѓа поради повредата на младиот Петар Атанасијевиќ.

Францускиот гигант влегува како фаворит, имајќи предвид дека во последните три меѓусебни дуели секогаш излегувал како победник. Но, Пелистер, со Манасков во составот и со огромна поддршка од трибините, ќе се обиде да ја прекине таа серија.