
Се случи најдобрата голманска ноќ, Шчесни и Алисон режираа нешто невидено досега! (ФОТО)
И двајцата беа прогласени за играчи на натпреварот. Кон Шчесни беа упатени 26 шута, кон Алисон 27.
Од 2016/2017 само трипати се случило во нокаут фазата од Лигата на шампионите тим да не постигне гол од 25+ шутеви кон противничкиот гол.
Двапати од тие трипати се случија токму вчера, во една ноќ. А тоа значи дека досега немало вечер во Лигата на шампионите кога двајца голмани имале вака импресивни партии.