Џака удри на својот соиграч: Глупав црвен картон!

Германскиот првак Баер Леверкузен е на чекор од елиминација од Лигата на шампионите откако синоќа загуби од Баерн со 0-3.

Искусниот швајцарски интернационалец Гранит Џака по мечот беше бесен на судењето, но и на Мукиеле кој беше исклучен при водство на Баерн со 2-0, поради втор жолт картон.

„Иако тие рано поведоа, ние влеговме добро во натпреварот, а потоа дојде тој глупав црвен картон кој беше баш непотребен. Се се случи далеку од голот и Мукиеле не мораше тоа да го прави. Многу сум фрустриран и лут, морам да вдишам длабоко за да не кажам нешто полошо“, рече Џака по мечот.

Во однос на судењето, тој имаше забелешки и на досудениот пенал за Баерн кој во гол за 3-0 го претвори Кејн. Швајцарецот смета дека главниот судија Мајкл Оливер престрого покажал на белата точка и дека во Премиер лигата не суди вакви пенали.