ПСЖ доминираше, Алисон правеше чуда - Ливерпул победи со еден шут на гол! (ВИДЕО)

Вечерва се одиграа уште три натпревари во рамките од осминафиналето од Лигата на шампионите и во нив се постигнаа пет погодоци, но имаше и два црвени картони.

Дербито на вечерта се играше во Париз помеѓу ПСЖ и Ливерпул и во него победија „црвените“ кои речиси цел натпревар беа во подредена улога.

Се затресе мрежата на бразилскиот голман по 20-тина минути игра, но по реакција на ВАР погодокот на Кварацхелија беше поништен поради недозволена позиција.

Во продолжение се редеа шанси пред голот на гостите од Англија, ПСЖ упати 27 удари кон голот на Алисон и дури десет од нив беа во рамките од голот, а бразилскиот голман имаше неколку фантастични интервенции. Од друга страна Ливерпул постигна гол од првиот удар во рамката на голот во 88. минута кога Елиот го совлада Донарума.

 

Барселона иако играше со играч помалку повеќе од еден час по исклучувањето на Кубарси во 22. минута успеа да слави исто така минимално над Бенфика во Португалија. Моментот на одлука се случи во 61. минута кога Рафиња искористи една грешка на домаќините и ја погоди мрежата.

Баерн Минхен германското дерби со Леверкузен славеше победа од 3-0 и сега е блиску до пласман во четвртфианлето. Два гола за Баерн беа дело на Кејн, а еден постигна Мусиала.