Томпсон е фрустриран од Далас - побарал трејд!

Клеј Томпсон дојде како големо засилување во Далас, но на поранешниот кошаркар на Голден стејт не му се допаѓа она што се случува во клубот.

Наводно, Томпсон како и сите други се чудел на одлуката на Далас да го трејда Лука Дончиќ. Таквата размена ја сруши атмосферата во соблекувалната, а на тоа се надоврзаа и повреди на главните ѕвезди.

Заврши сезоната за Кајри Ирвинг кој скина лигаменти, а повредена е и новата ѕвезда, Ентони Дејвис.

Далас реди порази, а незадоволството кај кошаркарите и навивачите расте.

Информациите од САД велат дека Клеј Томпсон е фрустиран од работата на челниците на Далас и побарал трејд кој може да се случи дури по крајот на сезоната.