Херојот на Реал му се развика на Симеоне: Ајде, зборувај сега (ВИДЕО)

Реал Мадрид славеше во градското дерби против Атлетико Мадрид со 2-1 на „Сантијаго Бернабеу“ во првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампиони (ЛШ).

Херој на „кралевите“ беше Брахим Дијаз кој постига гол за победа против градските ривали, а потоа му се развика на противничкиот тренер Диего Симеоне.

„Зборувај сега, зборуваше вчера, ајде зборувај и сега“, викаше Дијаз по Симеоне.

Дијаз очигледно му се налути на Симеоне поради изјавата пред дербито во Мадрид, откако тренерот на Атлетико посочи дека не верува во квалитетот на Шпанецот.

„Претпоставувам дека ќе ја надополнат дупката во тимот со Камавинга, Модриќ и Чуамени. Постои можност и за Брахим, но не верувам“, кажа Симеоне.