
Македонија ЃП го декласира Новаци, Брегалница подобра од Вардарски
Екипата од Ѓорче Петров немаше проблеми против Новаци, па победата ја најави уште во првиот дел со головите на крсте Велкоски и Кире Маркоски.
Скопскиот тим потоа го зголеми водството преку Симеон Крстев, додека конечните 4-0 ги постави Маркоски.
Брегалница без посериозни проблеми славеше против Вардарски, откако постигна по еден гол во двете полувремиња. Најпрво стрелаше Калпачки во првиот дел, а победата ја обезбеди Стојан Поповски.
Македонија ЃП е лидер со 44 бодови по 19 одиграни кола, по што следи Башкими со 42, а во топ-3 е и Брегалница со 40 поени.
Резултати - 19. коло - Втора лига:
Детонит – Осогово 0-1
Кожуф – Скопје 0-1
Македонија ЃП – Новаци 4-0
Охрид – Вардар Неготино 1-0
Арсими – Победа 1-0
Беласица – Башкими 1-2
Борец – Каменица Саса 2-1
Брегалница – Вардарски 2-0