Звезда и ПСЖ почнаа преговори - „српскиот Меси“ се сели во Париз!?

Најголемиот српски талент Андрија Максимовиќ наскоро ќе наполни 18 години, а претстојното лето многу веројатно ќе ја почне својата интернационална кариера.

Црвена Звезда и ПСЖ веќе почнале преговори за негов трансфер, во нив е вклучен таткото на Максимовиќ и може наскоро да се очекуваат конкретни резултати. Менаџментот на францускиот шампион е информиран дека Црвена Звезда нема да прифати ништо помалку од 20 милиони евра за „српскиот Меси“ иако според сите проценки, вредноста на Максимовиќ е значително помала од оваа сума.

Епилогот од овие преговори го очекуваат Ливерпул, Борусија Дортмунд и Ајнтрахт кои, исто така, се заинтересирани за младиот фудбалер на кого сите му предвидуваат блескава кариера.