Крвнички старт на хрватското дерби, настрада голманот на Хајдук! (ФОТО)

Вечното дерби меѓу Динамо Загреб и Хајдук Сплит заврши без победник (2-2), а во завршницата беше забележан еден крвнички старт на Нико Галешиќ, при што настрада голманот Иван Лучиќ.

Галешиќ му нанесе тешки повреди на Лучиќ, откако се обиде да стигне до топката по центар-шут на негов соиграч, по што доби црвен картон.

Натпреварот беше во прекин поради страшниот старт на Галешиќ, додека интервенираа медицинските екипи, а инцидент имаше и по последниот судиски свиреж, кога фудбалерите ќе се испотепаа меѓу себе.

По натпреварот беа објавени и фотографии од голманот на Хајдук, при што можеа да се забележат повредите.