Медведев збесна: Што е ова, зошто има двојни стандарди против Русите!?

Рускиот тенисер Данил Медведев повторно загуби контрола во четвртфиналниот меч во Дубаи, каде што беше поразен од Талон Грикспор со 1-2 во сетови, односно 6-2, 6-7 и 5-7.

Натпреварот го одбележа неговата караница со судијата, поради која би можел да добие дополнителна казна.

„Зошто ме казнуваш? Затоа што реков дека си многу нежен? Што е ова, двојни стандарди против Русите!?“, викаше Медведев кон судијата.