
Медведев елиминиран во четвртфиналето во Дубаи
Во четвртфиналтео, тој е елиминиран од 47. светски рекет Талон Грикспор од Холандија со 1-2 (6-2, 6-7, 5-7). Своите шанси Медведев ги пропушти во 10. и 12. гем во вториот сет кога имаше вкупно четири меч-топки. Грикспор успеа да се спаси, па во тај-брејк со 9-7 го освои тој сет, а потоа дојде и до победата.
Ако има нешто добро од овој турнир за Медведев, тоа е дека го помина Новак Ѓоковиќ и се најде на шестото место на АТП листата.