
Реал Мадрид победи кај Сосиедад и направи крупен чекор кон финале! (ВИДЕО)
Кралскиот клуб го надигра својот противник на негов терен, Реал Сосиедад може да биде и среќен што загуби со само еден гол разлика.
Клучниот момент се случи во 19. минута кога по асистенција од Белингем, Ендрик даде гол за водство на Реал од 1-0, што беше и конечен резултат.
На овој меч Карло Анчелоти настапи без дел од најдобрите играчи кои од разни причини беа изоставени, Куртоа, Мбапе, Модриќ, Валверде... но и покрај тоа составот на Реал Мадрид беше повеќе од силен.