
Дрогба со порака до Галатасарај: Мурињо не е расист! (ФОТО)
Поранешниот фудбалер на Галатасарај реагираше по најавата на турскиот гигант дека ќе се жали до Европската куќа на фудбалот (УЕФА) поради коментарите на Мурињо.
„Знаете колку сум горд што го носев вашиот дрес и свесни сте за мојата голема љубов кон најтрофејниот тим во Турција. Сите знаеме колку ривалството може да биде жешко и јас ја имав таа среќа да го почувствувам тоа. Ги видов коментарите на Мурињо, но верувајте ми дека го познавам Жозе со години и тој не е расист. Историјата тоа го потврдува“, објави Дрогба.