Африканецот Руатубјаје побегнал од Брера поради неисплатени плати!

Дефанзивецот од Руанда, Абдул Руатубјаје ја напуштил Брера Струмица по петмесечен престој во македонскиот клуб, причината е неисплатени плати.

Африканските медиуми пишуваат дека 28-годишниот фудбалер го раскинал договорот со Брера на взнаемна согласност.

Руатубјаје бил фрустриран дека Брера не му исплатила ниту една плата откако тој потпишал за нив.

Фудбалерот во декември за празниците заминал за својата Руанда и никогаш веќе не се вратил во Брера.

Двете страни сега официјално постигнале договор за раскин на соработката.

Руатубјаје одигра 12 натпревари во ПМФЛ за Брера и два меча во Купот на Македонија.