
Влаховиќ промаши пенал, Емполи го исфрли Јуве од Купот на Италија! (ВИДЕО)
Емполи поведе со гол на Малех во 24. минута од натпреварот, тоа беше првиот шок во Торино.
Јувентус долго се мачеше да го израмни резултатот, конечно Турам постигна фантастичен гол во 66. минута за 1-1.
Домаќините се обидуваа да направат пресврт во регуларниот тек и да го решат натпреварот, но не успеаа да дадат втор гол. 1-1 беше конечниот резултат и веднаш се премина кон изведување на пенал.
Прв од белата точка шутираше Влаховиќ, српскиот напаѓач шутна високо над голот. Во пенал серијата промаши и Јилдиз. Фудбалерите на Емполи немаа промашување и на крајот славеа голема победа.
Емоли во полуфиналето ќе игра против Болоња, а во другиот дуел се среќаваат Милан и Интер.