Висла победи во Букурешт и креираше невозможна мисија за Пелистер!
Победата на Висла Плоцк значи дека Пелистер најпрво не смее да загуби на гостувањето кај Фуксе Берлин кое се игра утре.
Ако тоа се случи тогаш во последното коло Пелистер треба да го совлада ПСЖ во Битола, а Висла Плоцк да загуби од Спортинг во Полска.
Едно вакво сценарио е исклучително тешко остварливо со оглед на квалитетот на Фуксе Берлин и ПСЖ, а и добрата форма на Висла во пресрет на мечот со Спортинг.