И Гатузо и Канаваро во ист ден елиминирани од хрватскиот Куп!

Хрватските гиганти, Хајдук и Динамо Загреб не успеаа да се пласираат во полуфиналето од Купот на Хрватска откако денеска беа поразени и тоа на домашен терен.

Хајдук на Пољуд загуби од Риека со 1-3, додека Осиек со 1-0 го победи Динамо на Максимир.

Трајковски не беше во составот на Хајдук, Манев остана на клупата на Риека.

Од клупа почнаа македонските фудбалери кои играат за Динамо, Адеми влезе на самиот почеток од второто полувреме, Ристовски ги доби последните 20 минути.

Италијанските легенди Џенаро Гатузо и Фабио Канаваро, кои сега се тренерски гастербајтери во Хајдук, односно Динамо, ќе треба да се насочат само на домашното првенство каде што заедно со Риека водат битка за титулата.