Кошмарен меч за Доргу, ужасен кикс, па директен црвен картон! (ВИДЕО)

Новиот бек на Манчестер јунајтед, Патрик Доргу кој во зимскиот преоден рок пристигна од Лече, имаше исклучително лош натпревар против Ипсвич.

Доргу најпрво направи голем кикс заедно со Онана и му помогнаа на Ипсвич да поведе со лесен гол на Филоген.

Во 44. минута Доргу стартуваше со отворен ѓон и доби директен црвен картон. Ипсвич веднаш го искористи фактот што има фудбалер повеќе, израмни на 2-2.