Реал Мадрид победи кај Сосиедад и направи крупен чекор кон финале! (ВИДЕО)

Реал Мадрид со гол на Ендрик со 1-0 славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад во првата полуфинална пресметка меѓу овие тимови во полуфиналето од Купот на Шпанија.

Кралскиот клуб го надигра својот противник на негов терен, Реал Сосиедад може да биде и среќен што загуби со само еден гол разлика.

Клучниот момент се случи во 19. минута кога по асистенција од Белингем, Ендрик даде гол за водство на Реал од 1-0, што беше и конечен резултат.

На овој меч Карло Анчелоти настапи без дел од најдобрите играчи кои од разни причини беа изоставени, Куртоа, Мбапе, Модриќ, Валверде... но и покрај тоа составот на Реал Мадрид беше повеќе од силен.