„Бомба“ од Каталонија: Нејмар во јуни се враќа во Барселона!?

Бразилскиот фудбалер Нејмар се врати во татковината и го облече дресот на Сантос, но не планира долго да остане во екипата, туку следното лето би сакал да потпише за Барселона.

Нејмар го направи најскапиот трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, меѓутоа Бразилецот повторно би сакал да игра за каталонскиот гигант, а во тоа ќе се обиде да му помогне менаџерот Пини Захави.

Шпанскиот медиум „Спорт“, како и новинарот Фабрицио Романо објави дека желбата на Захави е во јуни да го однесе Нејмар во Барселона, но засега не е познато дали и екипата е подготвена за такво нешто.