
„Бомба“ од Каталонија: Нејмар во јуни се враќа во Барселона!?
Нејмар го направи најскапиот трансфер од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра, меѓутоа Бразилецот повторно би сакал да игра за каталонскиот гигант, а во тоа ќе се обиде да му помогне менаџерот Пини Захави.
Шпанскиот медиум „Спорт“, како и новинарот Фабрицио Романо објави дека желбата на Захави е во јуни да го однесе Нејмар во Барселона, но засега не е познато дали и екипата е подготвена за такво нешто.