
Силекс жестоко удри по судиите по поразот од Вардар (ФОТО)
Силекс преку официјалниот профил на социјалните мрежи жестоко реагираше на одлуката на судиската тројка.
„Најскандалозна судиска тројка во историјата на македонскиот фудбал“, објавија од таборот на Силекс.
Кратовци не потенцираа зошто се бунат и за која конкретна ситуација е оваа реакција, но факт е дека во текот на целиот меч беа во подредена улога, воопшто не се трудеа да нападнат и немаа ниту еден удар кон голот на црвено-црните.
Во полуфиналето на Купот се пласираа Вардар, Струга, Брера Струмица и Шкендија.