Гостивар со аматерски потег ѝ ја „сервираше“ победата на Струга (ВИДЕО)

Актуелниот македонски шампион Струга се пласира во полуфинале на Купот, откако триумфира против Гостивар со 1-0.

Голот за стружани го постигна Ланре Кехинде, по хаосот кој го направија фудбалерите на Гостивар, во сопствениот казнен простор.

Пласман во полуфинале остварија и Вардар со победа од 1-0 против Силекс, како и Шкендија со триумфот против Детонит Плачковица со 1-0, додека Брера Струмица преку пенали го елиминира Арсими.