Британски олимпиец силувал две малолетни девојки!

Поранешниот британски пливач Ентони Џејмс, кој настапи на Олимписките игри во Лондон, ќе заврши во затвор поради тоа што силувал две малолетни девојки.

Судот му изрече казна на бившиот олимпиец, кој ќе мора да помине 21 година зад решетки поради злоставување на две девојки во период од 2012 до 2022 година.

Џејмс ги силувал девојките, па ги натерал да имаат секс со непознат маж и барал од нив да му испраќаат експлицитни фотографии кога биле помлади од 16 години.