
Салах како да се збогуваше со Ливерпул: Тука сум осум години, дадов сѐ!
Најдобриот фудбалер во Премиер лигата во овој момент останува без договор на крајот од сезоната и засега напредок во преговорите нема.
Салах и претходно најави дека може да го напушти клубот, а како простување со навивачите звучи и неговата последна изјава во интервјуто за „ТНТ Спортс“.
„Сакам навивачите да паметат дека сум дал се од себе. Дадов сѐ за овој град. Бев тука, не бев пасивен, секогаш уживав во фудбалот и се што ми нудеше клубот. Ова е посебен град, сакам да ме паметат дека бев тука осум години и дека дадов сѐ“, изјави Салах.
Разговорот со Салах го водеше Стив Мекманаман, поранешен фудбалер на Ливерпул кој го држеше рекордот по бројот на асистенции во Ливерпул се додека Салах не му го сруши оваа сезона.
Зад своето име Салах сезонава има 25 голови и 16 асистенции.