Анчелоти остана без тројца првотимци за дуелот со Реал Сосиедад

Шпанскиот гигант Реал Мадрид вечерва ќе се соочи против Реал Сосиедад во полуфиналето на шпанскиот Куп, а тренерот Карло Анчелоти не може да смета на тројца првотимци.

Голманот на „кралевите“, Тибо Куртоа нема да биде дел од натпреварот против Сосиедад, а Анчелоти не може да смета ниту на Федерико Валверде и Килијан Мбапе.

Анчелоти реши да ги одмори Валверде и Куртоа поради останатите предизвици со кои се соочуваа во изминатиот период, додека Мбапе правеше операција на заб.