Ливерпул без Слот вечерва против Њукасл

Tренерот на Ливерпул, Арне Слот нема да го води својот тим вечерва против Њукасл во рамките од 27. коло во Премиер лигата.

Холандскиот стратег се наоѓаше под истрага на Фудбалската асоцијација на Англија по зборовите упатени кон главниот судија на натпреварот против Евертон, Мајкл Оливер.

По натпреварот на „Гудисон Парк“ кој заврши 2-2, Слот влезе во конфликт со Мајкл Оливер кој му покажа жолт картон.

Се најавуваше суспензија од два натпревари, дури и на сајтот на Премиер лигата се појави таква информација, но набрзо истата беше тргната, па Слот го водеше тимот против: Вулвс, Астон Вила и Манчестер сити.

Меѓутоа денес неговата суспензија е потврдена и тој нема да биде на клупата вечерва на „Енфилд“ против Њукасл, а исто така од трибини ќе го проследи и натпреварот против Саутемптон на 8 март.

Холанѓанецот ќе мора да плати и парична казна на Фудбалската асоцијација на Англија од 70.000 фунти. Ливерпул во овие два натпревари ќе биде предводен од Џон Хејтинга.