РФМ ја исплати премијата: Ракометарите наградени за успехот на Мундијалот

Ракометната федерација на Македонија денеска информираше дека е исплатена премијата во износ од три милиони денари за успехот на машката репрезентација на Светското првенство во ракомет.

Македонија своите натпревари од Мундијалот ги играше во Вараждин и стигна до втората фаза од натпреварувањето. Во првата одигравме реми против Унгарија, ја победивме Гвинеја и загубивме од Холандија, додека во втората ремизиравме со Австрија и го победивме Катар.

„По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати наградата во износ од 3.000.000,00 денари на машката сениорска репрезентација за настапот на Светското првенство. Македонската сениорска репрезентација на Мундијалот настапи во градот Вараждин Р. Хрватска и се пласираше од прелиминарната во главната фаза од натпреварувањето“, информираа од РФМ.

На Мундијалот Македонија на крајот заврши на 15. позиција.