На Мемфис и Феникс им „забранија“ да играат одбрана, па постигнаа - 300 поени (ВИДЕО)

Во ноќ полна со возбудувања во НБА лигата, Мемфис гризлис и Феникс санс (151-148) одиграа спектакуларен натпревар во кој беше „забранета“ одбраната и кој заврши со неверојатни 299 поени, потсетувајќи на „Ол-стар“ меч.

За „сонцата“ ова беше шести пораз во последните седум средби. Џа Морант беше најефикасен за Гризлис со 29 поени и осум асистенции, додека Џерен Џексон Џуниор постигна 28 поени. Дезмонд Бејн придонесе со 25 поени и девет асистенции, а Џејлон Велс додаде 19 поени. Кај Феникс, Девин Букер блескаше со 28 поени и 10 асистенции, Кевин Дурант постигна 26 поени, осум скокови и седум асистенции, а Бредли Бил забележа длабл-дабл со 24 поени и 11 асистенции. Бол Бол се истакна со 23 поени и осум скокови. Со оваа победа, Мемфис го задржа второто место на табелата во Западната конференција со скор 38-20, додека Феникс е 11-ти со 27-31.

Во другите натпревари од вечерта, Бостон ја продолжи својата победничка серија совладувајќи го Торонто (111-101) на гостински терен, запишувајќи шеста победа во низа. Џејлен Браун постигна 24 поени за Селтикс, Дерик Вајт додаде 22, додека Џејсон Тејтум забележа дабл-дабл со 19 поени и 11 асистенции. „Репторс“ го имаше Ар-Деј Барет како најефикасен со 22 поени, а Скоти Барнс додаде 21.

Кливленд ја продолжи својата одлична форма со осми последователен триумф, убедливо совладувајќи го Орландо со 122-82. Њу Орлеанс беше подобар од Сан Антонио со 109-103 благодарение на 24-те поени на Треј Марфи. Хјустон го прекина победничкиот низ на Милвоки од четири натпревари, славејќи со 100-97 предводен од Џејлен Грин со 25 поени и Алперен Шенгјун со 23. Голден Стејт дојде до четвртата последователна победа совладувајќи го Шарлот со 128-92, додека ЛА Лејкерс беа подобри од Далас со 107:99 во дуел кој привлече внимание поради настапот на Лука Дончиќ против својот доскорешен тим.