Анчелоти: Имав уште еден играч како Модриќ, тоа е - Малдини!

Карло Анчелоти е полн со пофалби за Лука Модриќ по натпреварот против Жирона во кој Хрватот даде спектакуларен гол.

Реал Мадрид со 2-0 ја совлада Жирона, а Лука Модриќ даде исклучително убав гол со силен шут од далечина.

„Модриќ е подарок за фудбалот. Нека игра додека сака. Тоа што го прави, го прави многу добро. Можеме да бидеме среќни што е таква легенда е тука со нас. Имав уште еден таков играч кој имаше 40 години, тоа е Малдини. Може да ги земете како примери за тоа каков треба да биде еден фудбалер. Тие се фантастични примери. Не е случајно што и двајцата стигнаа да играат до 40 години. Генетиката е важна, но исто така е важна и посветеноста и пристапот во работата“, рече Анчелоти.