
Гол шоу на „Сент Џејмс Парк“: Њукасл славеше против Нотингем (ВИДЕО)
Гостите добро го започнаа натпреварот и преку Хадсон Одои со удар од далечина дојдоа до водство од 0:1.
Но, по тој гол на Оди следуваше гол-шоу на домашните фудбалери. Во само 11 минути од 23. до 34. минута Њукасл постигна четири гола. Прво Мајли израмни, па за пресврт се погрижи Марфи, а третиот и четвртиот гол беа дело на најдобриот стрелец на екипата, Исак.
Заигра Нотингем нешто подобро во вториот дел и преку српскиот дефанзивец, Никола Миленковиќ намали на 4-2 во 63. минута. Сепак, третиот гол кој го постигна Џејтс дојде во 90. минута, па немаа време за целосно враќање.
На табелата Њукасл по овој триумф дојде до 44 бода, додека Нотингем остана 47 на третата позиција.