Денеска на македонските фудбалски терени се играа натпревари од 20. коло во Првата фудбалска лига во кои не видовме некои посебни изненадувања.

Ако судиме по почетокот на пролетниот дел на сезоната до крајот ќе гледаме интересна борба за титулата во која ќе бидат вклучени неколку екипи, а засега лидер е Шкендија.

Екипата на Работнички која исто така еден од конкурентите за првото место на табелата денеска ја оправда фаворитската улога и против Воска Спорт славеше минимална победа од 1-0 на Арената во Скопје.

Во првиот дел не видовме премногу шанси за гол, па мрежите мируваа. Како одлучувачки и доволен за три бода на дебармаалци се покажа голот на Рушевиќ по десетина минути игра во вториот дел.

Посебно ефикасно денес беше дербито во Тетово во кое видовме дури шест погодоци и во кое на крајот Шкендија го победи Силекс со 4-2.

Се започна рано уште во петтата минтуа кога Алиќ го совлада домашниот голман, но Шкендија брзо се врати. Ване Крстевски го постигна еден од најубавите голови и со пета го матираше Џеков во 10-тата минута за 1-1.

Со по еден гол се замина и на паузата. Шкендија беше подобар ривал на теренот во вториот дел, па така со головите во 63. и 76. минута ја најави победата. Кратовчани во последните десетина минтуи намалија на 3-2, меѓутоа домаќините пред крајот постигнаа и четврти погодок за конечни 4-2.

На останатите три средби, Шкупи славеше над Брера во Струмица со 1-3, Пелистер беше подобар од Тиквеш исто така на гости со 1-2, додека Беса и Гостивар одиграа 0-0.

Ќе потсетиме, во натпреварот кој ќе се одигра вчера Вардар славеше над Струга со 0-2.

ТАБЕЛА: Шкендија: 43, Работнички 40, Гостивар 39, Силекс, 38, Струга, 32, Шкупи 28, Пелистер 23, Брера 20, Вардар 16, Тиквеш 15, Воска Спорт 15, Веса 14