
Пуштени во продажба билетите за натпреварот Лихтенштајн - Македонија
Македонската фудбалска репрезентација на 22 март ќе го игра натпреварот против Лихтентшајн во Вадуц, а билетите за овој дуел се веќе пуштени во продажба.
Македонските навивачи на стадионот во Лихтенштајн во гостинскиот сектор ќе имаат право на 1232 билети и тие можат да се купат преку платормата „Liechtensteiner Fussballverband“ по цена од 15 швајцарски франци (970 денари),
Ќе се продаваат и билети од прва категорија каде што ќе има место за 200 наши навивачи и тие билети се по цена од 35 швајцарски франци (2264 денари).