
Барса не брка трофеи по секоја цена, со Флик има долгорочни планови
Тренерот Ханси Флик оваа недела имал состанок со спортскиот директор Деко на кој биле утврдени некои насоки, меѓу кои и за засилувањата за идната сезона. Меѓу најважните е тоа што Ансу Фати ќе си замине претстојното лето, заедно со уште 1-2 играчи, а во екипата ќе дојдат врвен напаѓач, лево крило и бек по „пристапна цена“.
Што се однесува до трофеите, управата нема многу да се вознемири ако Барселона не ги освои титулите во Лигата на шампионите или шпанското првенство бидејќи има долгорочна стратегија и знае дека успесите ќе дојдат порано или подоцна. Во Флик, челниците гледаат силна и храбра екипа која може секого да победи и затоа летоска ќе биде засилена.
На три месеци пред крајот на сезоната, Барселона е во осминафиналето од Лигата на шампионите, во полуфиналето од Копа дел Реј и на првото место во Ла Лига.