
Салах сам се испофали и го потцени успехот на Халанд!
Салах е еден од клучните фудбалери на Ливерпул за успесите во изминатите години, неговите бројки на голови и асистенции се импресивни, но импресивен е бројот и на погодоци на Халанд.
„Многу го почитувам Халанд“, вели Салах.
„Тој е напаѓач, па него му е малку полесно! За крилен играч како мене, потешко е да дојдете до такви бројки. Секое крило може да ви го потврди тоа“.
„Па гледам разлика меѓу нас бидејќи тој е шпиц, а јас сум крило“.