Дуран доби црвен картон, Роналдо полуде! (ВИДЕО)

Ал Наср загуби на домашен терен од Ал Етифак со 3-2, а во центарот на вниманието и на овој натпревар беше Кристијано Роналдо, но не поради фудбалски работи.

Во самиот финиш новата ѕвезда на Ан Наср, Дуран доби црвен картон, на тоа Кристијано Роналдо бесно реагираше.

Ал Етифак веќе го даде голот за предност од 3-2, па Роналдо беше исфрустриран и од тоа што губи, но судиите ги посочи како виновници, па не само што галамеше, туку и силно ја шутна топката надвор од теренот.